Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Се подготвува нов Закон за јавна администрација

    Минчев: Се подготвува нов Закон за јавна администрација

    17.09.2025 во 21:582 Mins Read
    ФОТО: Министерство за јавна администрација
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Министерството за јавна администрација денеска се одржа работен состанок меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претставниците на СИГМА – иницијатива на Европската Унија и ОЕЦД за поддршка на реформите во јавната администрација. Темата на средбата беше работниот процес и динамика за подготовка на Законот за организација и работа на државната управа (ЗОРОДУ).
     
    Министерот Минчев истакна дека новиот ЗОРОДУ треба да претставува клучна алка во севкупната реформа на јавната администрација, со цел создавање поефикасна, поодговорна и поуслужна администрација.
     
    „Нашата цел е да воспоставиме современа и функционална администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не сама на себе. Законот за организација и работа на државната управа треба да обезбеди јасна структура, рационализација на процесите и поголема транспарентност во носењето одлуки“, истакна Минчев.

    Тој додаде дека реформите не се само законска обврска на државата во процесот на европска интеграција, туку и политичка одговорност пред граѓаните.

    „Со ваквите промени ние покажуваме дека Македонија оди по европски пат – гради силни институции, ја намалува бирократијата и ја зголемува довербата на граѓаните во системот“, потенцираше министерот.

    Претставниците на СИГМА ја поздравија посветеноста на Министерството за јавна администрација и го оценија како суштински чекор напред донесувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за обука и стручно усовршување на јавните службеници, како и започнатиот процес за носење на новите три закони: Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), Законот за висока раководна служба и Законот за систем на плати.
     
    Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да соработува со меѓународните партнери, но и со домашните институции и јавноста, за да обезбеди законски решенија кои ќе донесат реални придобивки за граѓаните и ќе го поттикнат развојот на современа јавна управа во согласност со европските стандарди.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54

    Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата

    06.10.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.