Минчев: Балансерот е минато - не би брзал со нов закон

 


Министерството за јавна администрација не ја коментира одлуката на Уставниот суд, исто како и во првиот случај кога беше донесена времена мерка за стопирање на примената на одредени одредби од два закони кои се однесуваат на јавниот сектор и на административните службеници. Така и сега, Министерството не навлегува во содржината на одлуките туку истите ги спроведува и применува. Првиот пат дадовме конкретни инструкции и насоки или пак упатство до сите државни институции, сега сепак би почекал да излезе комплетната содржина за оваа одлука од страна на Уставниот суд во службен весник и притоа би пристапиле кон реализација на истата, рече Минчев на денешната прес-конференција.

Според Минчев, правичната застапеност на ентичките заедници е многу важна уставна категорија. Но, останува на ставот дека не треба да се брза со содржината на евентуално ново решение.

-Мислам дека е подобро да се отвори широка и јавна дебата, во која што би се вклучиле сите заинтересирани страни, тука мислам на делот од владината коалиција, но исто така добра можност е да се повика и експертската и академската заедница со цел да се најде соодветно решение кое што ќе биде долгорочно, ќе биде солидно, ќе биде содржајно, и нема повторно да не доведе во ситуација на евентуална ваква одлука од страна на Уставниот суд, додаде Минчев.

Прашан за коментар на изјавата на Халид Снопче од „Вреди“ дека веќе имаат подготвено драфт верзија на новиот Закон за етничка припадност која ќе ја поднесат во Собранието, Минчев рече дека не сака да коментира содржина која не ја видел. Но, повтори дека не сака избрзани решенија.

-Не би сакал да коментирам содржина која не сум ја видел. Во принцип не сум за избрзани решенија. Измените кои што треба да се однесуваат на правичната застапеност на етничките заедници се однесуваат на два закони/ кои се во надлежност на Министерството за јавна администрација. Идејата за потпишување на изјава на нотар за чувство на етничка или национална припадност, за мене е понижувачка. Добро е да легнат тензиите, со ладни глави, да се отвори широка дебата во јавноста, да се вклучат и експертите кои се во рамки на реформите на јавна администрација, да се вклучи академската заедница, со цел да се најде долгорочно, содржајно, соодветно решение кое ќе биде во рамки на Уставот, додаде Минчев.

Уставниот суд вчера на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски образложи дека одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Манипулација, ги нарече, тврдењата дека Уставниот суд укинал права на заедниците.

10.10.2024 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега