Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Јавната администрација се гради со луѓе со знаење – мора да одговорат на потребите на граѓаните

    Минчев: Јавната администрација се гради со луѓе со знаење – мора да одговорат на потребите на граѓаните

    19.10.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат знаење, компетенции и капацитет да одговорат на потребите на граѓаните. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на конференцијата „Патоказ за Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници: заедничка мисија“, посветена на досегашниот напредок и следните чекори за воспоставување на Академијата.

    Министерот нагласи дека реформата на јавната администрација не завршува со донесувањето закони и утврдувањето процедури, туку мора да се потврди преку квалитетот на работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните.

    „Професионална администрација не се гради само со нови правила, туку и со луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет да ги применуваат тие правила. Затоа Академијата ја гледаме како траен механизам за професионален развој, а не како проект со ограничено времетраење“ истакна Минчев.

    Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници е дел од поширокиот процес на професионализација на јавната администрација. Министерството веќе работи на нејзиното институционално поставување, организацискиот модел, развојот на програмите за обука и дефинирањето на приоритетите. Целта е Академијата да започне со работа на почетокот на 2027 година и да обезбеди континуирано надградување на знаењата и компетенциите на административните службеници.

    На конференцијата се обрати и Јелена Мрдак, в.д. директорка на Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА, која ја истакна важноста на партнерството и институционалната соработка во процесот на воспоставување на Академијата. Соработката со РеСПА овозможува поврзување на домашните реформски приоритети со регионалните искуства и добрите практики, како и размена на знаења и експертиза за развој на одржлив систем за стручно усовршување и обука на административните службеници.

    Минчев посочи дека досегашните активности и соработката со меѓународните партнери претставуваат важна основа за понатамошниот развој на Академијата. Притоа, нагласи дека поддршката треба да биде насочена кон конкретните потреби на администрацијата, преку современи програми, размена на експертиза, развој на обучувачи и примена на европските и регионалните практики.

    На конференцијата беа презентирани визијата, остварениот напредок и патоказот за развој на Академијата, по што следуваше дискусија со претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и партнерите за приоритетните области и координацијата на идната поддршка. Министерството за јавна администрација останува посветено на воспоставување функционална и одржлива Академија, која ќе придонесе кон долгорочен професионален развој на административните службеници и поквалитетни услуги за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.