Милошоски: Владата и Филипче експериментираат со граѓаните

Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” на ТВ24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антониjо Милошоски кој зборуваше за лошите владини политики, задолжувањата, Ковид пандемијата и актуелните политички теми.

Мерките кои министерот Филипче и Комисијата за заразни болести ги донесоа во изминатите денови, а и месеците наназад, се тотално промашени.

-За тоа говорат поразителните бројки на новозаболени кои од ден во ден се повеќе растат, а за жал расте и бројот на починатите, вели Милошоски.

-Венко Филипче во март месец велеше дека носењето маски може да биде штетно за респираторниот систем на човекот, односно дека не се препорачува таква мерка. Сега гледаме, истиот министер вели дека маската мора да се носи и на отворено и на затворено, што нема никаква логика. Контрадикторни ставови и медицински дилетантизам, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека Владата е изгубена во потезите кои ги повлекува секој ден и се надева на чудо кое ќе ги спаси од одговорност за лошото менаџирање, но за жал, не само што не постојат чуда, туку за лошото менаџирање цената се плаќа со животи.

-На неколку пати, Венко Филипче беше повикан да прифати некој од предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги понуди, со цел подобрување на здравствената состојба во државата, но очигледно дека се работи за лична суета и не прифаќање на се што е од друг табор, а не наметнат од неговата СДСМ. Тоа е несериозен пристап, бидејќи се работи за човечки животи, а не за политиканство, заврши Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега