Милошоски: Премногу е од оваа неспособна власт, потребни се избори за народот да одбере поспособни луѓе
„Причината за протестот е едноставна, премногу е од оваа неспособна власт затоа што направија економска катастрофа во целата држава. Гледаме дека сега и со францускиот предлог со Бугарија прават дополнителни национални понижувања. Гледаме дека по однос на инфлацијата сме најлоши во регионот, нема странски инвестиции, нема ред во образованието, нема задоволни земјоделци, пензионерите се на раб на преживување од месец за месец и сметам дека најдобро е за државата оваа власт да прифати да одиме на избори и народот да одлучи и да одбере поспособни луѓе кои што во вакви времиња можат да направат нешто подобро за државата“, ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во влкучување во вестите на Алсат запрашан за причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ го организира денешниот протест.
„Јас гледам дека премиерот Ковачевски и неколку министри околу него не се расположени за да има предвремени избори затоа што тие се свесни дека многу би изгубиле на тие избори и дека СДСМ ќе биде многу поразена. Знаат дека недовербата на граѓаните е многу голема. Од друга страна самата влада, министри на СДСМ и ДУИ тврдат дека направиле добри чекори за државата добри потези, добри проекти и тоа е еден аргумент плус. Ако власта смета дека е направено нешто добро во било која област, култура земјоделие, образование, катастар, странски инвестиции, медиуми или нешто слично, нека повелат на избори и тоа што го направиле нека го престават дали е добро или кој е подобар“, додаде Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа