Милошоски: Одброени се деновите на Заев, ги ообедини граѓаните против него (ВИДЕО)

Време е премиерот Заев да си оди за државата да тргне напред, истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на протестов Кичево. Според него, станува збор за политичар кому секој збор му е лага.

 

-Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед назадува, за жал и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик.  На сметка на пазарењето со националното достоинство на Македонците но и на сите граѓани со кои што манипулира.  Затоа сметаме дека за ваков еден корумпиран политичар за кого што националните интереси се предмет на трговија, треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава. Оттука од Кичево сакам да порачам дека има и многу наши сограѓани кичевчани кои се членови на СДСМ, не би сакал поединечно да ги споменам, кои што се срамат од тоа што ваков човек им е претседател и за жал во моментот е премиер на државата, рече Милошоски.

Вели дека единствениот успех на премиерот е што ги обединил граѓаните против него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега