Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ го принудил Дачиќ да оди во болница – бил шокиран кога видел како изгледа и тешко дишел

    26.02.2026 во 09:57

    Билатерални средби и почести: Сиљановска утре го пречекува Бегај

    26.02.2026 во 09:47

    Дачиќ е на респиратор

    26.02.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ го принудил Дачиќ да оди во болница – бил шокиран кога видел како изгледа и тешко дишел
    • Билатерални средби и почести: Сиљановска утре го пречекува Бегај
    • Дачиќ е на респиратор
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт со години молчеа за милионскиот криминал на Груби
    • Лажен лекар во акција, земал 19.600 евра -Нова измама во Македонија, внимавајте да не наседнете
    • Карлеуша тврди дека се слуша со Бака Прасе и добива експлицитни фотографии, тој ја демантира
    • Крива Паланка на нозе: Протест против кравите кои го окупираа градот
    • Утрово сонце, но и студ – Ова се температурите низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски на Конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

    Милошоски на Конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

    26.02.2026 во 08:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Потпретседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Национално собрание на Унгарија.

    Како што информираат од Собранието, станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се одржува од 2004/2005 година и претставува важна платформа за политички дијалог и продлабочување на парламентарната соработка во регионот. Главниот акцент е ставен на регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици.

    Во рамки на агендата, на 27 февруари ќе се одржи 12-тото издание на Конференцијата, на кое ќе учествуваат претседатели на парламенти и шефови на делегации од земјите од Југоисточна Европа, како и од државите на Вишеградската група. Првата сесија ќе биде посветена на состојбата со проширувањето во регионот, а втората на економските инвестиции и енергетското поврзување – нивните предизвици и можности.

    Предвидени се обраќања на високи претставници од земјата домаќин, како и од претставници на Европската Унија и други меѓународни организации, по што ќе следуваат дискусии. Конференцијата ќе заврши со усвојување заедничка парламентарна декларација и одржување билатерални средби меѓу делегациите.

    Собранието редовно зема учество на овој форум, кој се смета за значаен инструмент за унапредување на парламентарната дипломатија и за зацврстување на европската перспектива на регионот.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Познато од што боледува министерот Дачиќ

    26.02.2026 во 09:14

    Хаос на патиштата во Србија: Земјоделците блокираа 80 локации, бараат забрана за увоз на млеко

    25.02.2026 во 19:17

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.