Милошоски: Ако е историски ден, тогаш нека го повикаат народот на прослава, наместо да се кријат

 

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше денешните настани во Брисел и испрати порака до премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Милошоски им порача на Ковачевски, Османи и Маричиќ да го повикаат народот на голема прослава ако ова е историски ден за Македонија.

„Доколку ова е историски ден, тогаш Ковачевски, Османи и Маричиќ, нека го повикаат народот на заедничка прослава на плоштад, наместо да се кријат во Клубот на пратеници на затворен прием“, кажа Милошоски.

19.07.2022 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега