„Милионски викенд“ на Sport life- По само една недела нова добивка од милион денари

Викендов, играчот на Sport Life во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од Sport Life. 

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истот ќе има 3 и повеќе голови. 

Мечевите кои ги одбрал иако од различни првенства навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте  (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без  проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94 минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79 минута. 

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка, и тоа по втор пат за една недела во Sport Life.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега