Милевски го избра тимот со кој сака да ја освои Бугарија

Македонија денеска од 18 часот игра против Бугарија во Разград на отворањето на Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски направи само две измени, па нема да смета на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, па во првиот состав своето место го најдоа Стефан Ашковски и Стефан Спировски.

Милевски ќе игра во формација 4-4-2. На голот е Столе Димитриевски, во одбраната се Езгјан Алиоски, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Ашковски. Во средината играат Спировски, Барди, Чурлинов и Елмас, додека во нападот се Трајковски и Ристовски.

02.06.2022 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа