Милева: Еден од преживеаните ми кажа дека преживеале осуммина

На денешната прес-конференција на Државното јавно обвинителство на Република Бугарија беше истакнато сведоштво на еден од преживеаните кој изјавил дека од автобусот се спасиле осумина а не седумина луѓе.

- Во една од болничките соби се сретнав со момче на моја возраст кога го видов јас му кажав „Вие сте херој“. Тој се насмеа и ми раскажа за инцидентот, дека видел чекан со кој го скршил задното стакло на автобусот и како од таму се спасиле осум луѓе. Јас го прашав „Вие сте седум, во болница сте сместени седуммина“, тој ми рече „Не, ние се спасивме осум луѓе“. По извршните дејства на разгледувањето на местото на настанот најдени се 44 трупа, од тука излегува простата математика дека во автобусот патувале 52 патника. Најдени се 44 трупа, во болница се хоспитализирани 7 лица, четири мажи и три жени, останува голема загатка, „Каде е осмото лице?“, изјави Милева.

25.11.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега