Close Menu
    Најново

    Мицотакис конечно изрази желба да се сретне со земјоделците – ама под еден услов

    15.01.2026 во 17:38

    Го товарија бродот и тргнаа: Грците донираа оклопна опрема на Либанците

    15.01.2026 во 17:35

    Австралија деактивира речиси пет милиони профили на малолетници на социјалните мрежи

    15.01.2026 во 17:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицотакис конечно изрази желба да се сретне со земјоделците – ама под еден услов
    • Го товарија бродот и тргнаа: Грците донираа оклопна опрема на Либанците
    • Австралија деактивира речиси пет милиони профили на малолетници на социјалните мрежи
    • Животната средина и бизнисот на една маса: Хоџа се сретна со делегација од СКСЗМ 
    • ЕУ воведе нов автоматски механизам за цената на руската нафта
    • Колку земаат војниците – Министерството за одбрана ги објави платите
    • Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори
    • Мрежата се расплетува: Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицотакис конечно изрази желба да се сретне со земјоделците – ама под еден услов

    Мицотакис конечно изрази желба да се сретне со земјоделците – ама под еден услов

    15.01.2026 во 17:38
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    редба меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претставници на земјоделците се очекува да се одржи в понеделник, под услов патиштата низ цела Грција да останат отворени. Ова денеска го повтори и владиниот портпарол, нагласувајќи дека отворањето на сообраќајниците е главен предуслов за дијалогот.

    Мнозинството од грчките земјоделци во вторникот одбија средба со Мицотакис, бидејќи, како што наведоа, не беа исполнети нивните предуслови. Сепак, по вчерашниот заеднички состанок, тие одговорија позитивно на новата покана за разговори.

    Земјоделците од сите 62 блокади низ земјата вчера одржаа состанок и одлучија нивна делегација составена од 25 претставници, со дополнителни пет резервни членови, да се сретне со премиерот. Делегацијата ќе ги претставува земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите, а датумот на средбата ќе го одреди Владата.

    Владиниот портпарол Павлос Маринакис повтори дека, освен отворените патишта, уште еден услов е на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување за време на протестите.

    „Мислам дека предусловите не се страшни, туку се подразбираат. Целта не е некој да излезе како победник од ова, она што има вредност е луѓето да добијат нешто повеќе за нивниот сектор, во конкретниот случај, земјоделците и сточарите. Ние се стремиме кон средби и како што гледате покажуваме добри намери, под предуслов да се почитуваат условите, особено условот да останат отворени патиштата за да се реализира следната средба“, посочи Маринакис.

    Според најавите, до одржувањето на средбата в понеделник не се очекува затворање на автопатиштата и граничните премини. Тракторите, како и досега, ќе останат паркирани на блокадите.

    Популарно

    Голема полициска акција во тек – се апсат осомничени за милионска даночна измама

    15.01.2026 во 15:42

    Мрежата се расплетува: Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП

    15.01.2026 во 16:41

    Драма на небото над Скопје: Патници се пресметувале во авион што слетал од Германија

    15.01.2026 во 13:42

    Тешка сообраќајка во Скопје: 16-годишник со „голф“ прегази пешак

    15.01.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.