Close Menu
    Најново

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31

    Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

    30.12.2025 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Ќе завршат изборите – судиите и обвинителите ќе бидат сменети

    Мицкоски: Ќе завршат изборите – судиите и обвинителите ќе бидат сменети

    01.10.2025 во 19:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Демир Капија, во рамки на кампањата за локалните избори, го обвини СДСМ дека преку „малкумина лакеи“ во обвинителството и судството опструира големи случаи на корупција. „Нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството… иако истражните органи сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ,“ рече Мицкоски.

    Тој додаде дека „грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази,“ најавувајќи кадровски промени по локалните избори: „Локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност.“

    Настанот се одржа под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, а Мицкоски го адресираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како повод за реплика на неговата изјава дека во изминатите 15 месеци „немало големи кривични случаи“. „Морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ… затоа чувствувам потреба да му одговорам,“ рече Мицкоски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.