Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ

 

Како човек сум згрозен, со гадење од овој сексистички и неморален чин на Маричиќ, човекот се прослави со се, само не со тоа што треба да го работи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот хаос во Собранието, кога опозициската пратеничка Дафина Стојановска го обвини вицепремиерот за европски прашања дека и праќал бакнежи и намигнувања.

- Вчудоневиден сум како овие на кои полна им е устата со Европа, не излегоа и не собраа сили да извинат за тоа што го стори Маричиќ, па и тој самиот. А од Ковачевски очекував барем оградување од ова што го направи Маричиќ, но за жал тоа не го добивме, рече Мицкоски.

 

29.09.2023 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега