Мицкоски заразен со ковид-19 - ги откажа сите активности

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа настанот во општина Маврово - Ростуше, кој беше закажан за денеска (16.08.2022) година во 17.45 часот.

Како што соопштија од партијата, причини за негово откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен.

„Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

16.08.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега