Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК кои меѓународниот суд ги суди за воени злосторства. Како што објасни премиерот, државата ќе има формирано кризен штаб, ќе се следи секој што ќе дојде во Македонија, а полицијата нема да дозволи да се наруши јавниот ред и мир. Според Мицкоски, целата оваа постапка е само обид на ДУИ да се извлече од лошата состојба во која се наоѓа по катастрофата на локалните избори
„Не станува збор тука за политички договор или неполитички договор, очигледна е намерата дека некој се обидува на овој начин да се мобилизира. Тука пред се мислам на Демократската унија за интеграција. На тој начин мисли дека ќе добие повторно некаква поддршка, ќе ги мобилизира своите гласачи. Жалам што има и такви коишто еве го поддржуваат овој процес јавно, иако тоа немаше потреба по мене да се случи, но тоа е нивна одлука, не би сакал јас да ја коментирам. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ, од прифаќањето на граница до реализирањето и до завршувањето на овој протестен марш, да биде се поминато во најдобар ред. За ова се исто така информирани и нашите стратешки партнери. Сите тие се информирани за сите оние мерки коишто ќе бидат преземени. Ќе имаме и кризен штаб којшто ќе го следи сето ова 24 часа пред да се случи и откако ќе се случи, нормално, обезбедување на испраќање на сите оние коишто ќе дојдат на тој настан. Така што како Влада и како држава и како институции ќе ги преземеме сите мерки да не им успее првичната намера да испровоцираат било каква реакција којашто може да има негативни консеквенци не само за граѓаните, туку и за регионот“ – рече Мицкоски
Актуелно
- Тинејџер од Турција повреден во сообраќајка во Скопје
- Исчезна 13-годишно девојче, мајката побара помош од полицијата
- Собранието го донесе Буџетот за 2026 година
- Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година
- Уапсени тројца Бугари во Демир Хисар: Краделе македонски народни носии
- Се урна воен авион во Судан – сите патници загинаа
- Мицкоски: Мислам дека Меџити погреши
- Мароко: 19 загинати и 16 повредени при уривање на две згради

