Апсолутно ги отфрлам шпекулациите на опозицијата , изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на изградба на нова спортска сала во ООУ„Блаже Конески“во Аеродром.

-Ние како Влада сме единствени кои кога ќе забележат вакво девијантно однесување, одма реагираат. И тоа е вистинска борба против криминал и корупција. Тие кои се замешани се наоѓаат таму каде што треба да се најдат. Јас ја повикувам опозицијата да не се затскрива позади прашања туку да излезе со тврдења. Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во тие тврдења, нека излезат и нека кажат, „замешан е Христијан Мицкоски“, „замешан е тој и тој“. Затоа што вака е кукавички и не оставаат впечаток, истакна тој.

Премиерот ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават доказите за да може да се делува.

-Апсолутно ги отфрлам тие шпекулации и нека остават да си ја работиме работата онака како што треба. Ама да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри. И тогаш да ги видам, повторно да излезат на прес-конференција, рече Мицкоски.

Exit mobile version