Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет доколку кандидатите ги исполнуваат законските услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста за предлогот за нов член кој претходно бил советник во МВР.

Мицкоски појасни дека станува збор за предлог што го гласа Парламентот и кој доаѓа од редот на заедниците кои се повеќе од 20 отсто, односно од албанската заедница.

„Сѐ додека кандидатот ги исполнува условите согласно повикот и критериуми и сите тие согласно закон, ние тука не можеме ништо да направиме како Влада. На крајот од денот останува на пратениците да одлучат дали ќе го поддржат или ќе побараат некое друго решение“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека ова не е владин предлог, туку процедура која целосно е во надлежност на Собранието.

Exit mobile version