Close Menu
    Најново

    Филков: Ги усогласуваме законите со европските стандарди

    06.11.2025 во 14:14

    Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот

    06.11.2025 во 14:01

    Обид за братубиство во Скопје

    06.11.2025 во 13:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филков: Ги усогласуваме законите со европските стандарди
    • Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот
    • Обид за братубиство во Скопје
    • Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари
    • Трагедија кај Бучим: 13-годишник тешко повреден по пад од „хамачи“
    • Украински војници, опколени сте, предајте се за да се спасите
    • Пијан велосипедист тешко повреден во судир со „Ланд Ровер“ во Гевгелија
    • Јаневска: Ќе ја испочитувам секоја одлука на премиерот, негово е правото да одлучува
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, па потоа ќе добиеме ново вето

    Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, па потоа ќе добиеме ново вето

    06.11.2025 во 12:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го Извештајот на Европската комисија (ЕК).

    Во Извештајот за напредокот на земјава за 2025 година, ЕК нотира дека С Македонија не направила обид за усвојување на уставните измени.

    И покрај оваа забелешка, Мицкоски вели дека е исклучително задоволен од Извештајот, бидејќи, како што рече, земјата не назадува.

    „Има стагнација во неколку области, знаеме сите кои, тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата. Нонстоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет и во обвинителството. Сега по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема. Во сите други области има одреден мал напредок или значителен напредок, така што Извештајот генерално можам да го оценам како добар“, вели Мицкоски.

    Премиерот не се согласува со оценките дека други земји од регионот се пред Македонија, тврдејќи дека земјава е многу понапред од Албанија во осум области.

    „Кога ќе се анализира состојбата и подготвеноста на државите – објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второ место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово. Но, треба да работиме и ќе работиме. Јас апсолутно сум фокусиран на реформите, оваа влада е реформска и ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, борбата против перењето пари, воведувањето заеднички платежен систем, царина, роаминг фри. Тоа ќе биде имплементирано така што има многу работи кои треба да се пофалат и тоа ме охрабрува“, додаде премиерот.

    Европската комисија во својот Извештај нотираше дека земјата треба да ги спроведе основните реформи поврзани со ЕУ, како и усвојување на уставните измени наведени во Заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година.

    Популарно

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46

    Делови од Кисела Вода без струја шест часа – еве кои улици се погодени

    06.11.2025 во 09:11

    ДИК ги објави конечните резултати – Орце и официјално победи во Град Скопје

    06.11.2025 во 10:47

    Орце го презема Скопје: Со чистење почнувам од 20:30 вечерва

    06.11.2025 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.