Close Menu
    Најново

    Ема Стоун најубава позната жена во светот

    17.11.2025 во 17:37

    Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска

    17.11.2025 во 17:31

    „Внимавај, телефонски измами“ – Скопската полиција ги едуцираше повозрасните за потенцијалните кражби

    17.11.2025 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ема Стоун најубава позната жена во светот
    • Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска
    • „Внимавај, телефонски измами“ – Скопската полиција ги едуцираше повозрасните за потенцијалните кражби
    • Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
    • Земјотрес почувствуван во Македонија
    • Случај „Онкологија“: Сведочеа лекари, директорот ја носел конечната одлука за терапија
    • Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација
    • Пиевте чаша вино или пиво – еве колку долго треба да чекате за да седнете зад воланот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

    Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

    17.09.2025 во 19:48
    ФОТО: Facebook/Христијан Мицкоски
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска,  девијантното однесување кај ланците маркети ќе се сведе на минимум.

    На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ  се зголемени за над два проценти, а за аутпутот, цената со која го продаваат земјоделците производот, за над 12-13 проценти. 

    „Тој производ тие го продаваат или на маркетите или директно на трговците. Порано состојбата во делот на аутпутот била негативна затоа што одредени политички елити во соработка со одредени трговци свесно ја држеле ниска цената при аутпутот односно онаа цена по која земјоделците ги продаваат своите производи и честопати работеле по принципот пола со пола. Ова не е нешто ново, тоа го кажуваат дел од самите трговци кои соработувале со такви луѓе кои во тоа време биле на водечки позиции во државата и во Министерството за земјоделство. Прашувате  дали тие производите кога ќе дојдат на полиците во маркетите ќе имаат повисока цена. Да, претпоставувам дека тоа ќе биде така, но она што не охрабрува е што на месечна основа, во август споредено со  јули,  имаме конечно намалување, односно после неколку години храната е во минус, за 0,7 проценти“, рече Мицкоски при денешната посета на Куманово.

    Очекувам, дополни, тој тренд да продолжи во периодот што следи. 

    „Преку Државниот пазарен  инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно вршиме инспекциски надзор, ги следиме движењата и убеден сум дека таков тип на девијатно однесување кај ланците маркети во периодот што следи ќе биде сведено на минимум“,  посочи Мицкоски.

    Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа. 

    „Не малку, малку повеќе дел од трговците ставаат маржа која е нелогична. Цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки. Сега е пиперката ајварка, но исто така ако се вратиме наназад и доматите, краставицата, зелката,  кромидот, тукунот и сите останати производи, сега грозјето, ќе видите дека цените се сега историски највискоки, а тоа го говори и речиси удвоениот извоз на храна споредено со минатата година, посебно на земјоделските производи. Го следиме однесувањето на трговците и веќе колку што сум информиран за дел од нив има одредени постапки и процедури пред институциите. Веќе се процесуирани, само треба да влезат во финална завршница“,  изјави Мицкоски. 

    Тој ги коментираше и  последните податоците за состојбата во индустријата, истакнувајќи дека трговијата во индустријата во делот на размена со странство е дури повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома. 

    „ДЗС објави вчера  дека тргиовијата во индустријата е зголемена за 13-14 проценти во јули споредено со истиот месец лани и тоа е тренд којшто не следи цела година, но, она што за мене е забележливо е што цела година таа трговија во индустријата во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома. Зборувам за повеќе од 15 проценти и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна зголемена трговија во индустријата“, рече Мицкоски.

    Тоа, дополни, е добар показател бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2 проценти раст на БДП, во вториот квартал 3,4 процернти, иако номиналниот е 7,8 проценти. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Ова се индикатори што ние со години наназад не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камоли да ги коментираме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

    Featured
    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.