Мицкоски за Арсовска: Војна е претежок збор, за таквата реторика треба да ја прашате неа

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостин е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го откри ставот за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска на жестоко го нападна.

„Верував дека вонпартиски човек може да биде плус во тоа време. Ценевме дека може да биде додадена вредност, ни беше понудена концептот за модерно Скопје, и денеска тоа ќе го поддржам“, посочи Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, војна е претежок збор, додека пак сите проекти кои се поврзани за модерно Скопје ќе ги поддржат.

„Ќе ја потсетиме за тие што ги заборавила, а сето тоа што е спротивно од интересите, ќе бидеме жестоки критичари. Непријатно е да дадам одговор зошто таа реторика, зошто така ме нападна. Можеби вие ќе ја викнете во студиото и ќе ја прашате. За да имате вие подобра емисија, само ви нудам опција да повикате некој од советниците во Град Скопје или веќе поранешните директори“, додаде Мицкоски.

15.09.2022 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега