Мицкоски за 8ми март: Потребни се промени, ако сакаме здраво општество базирано на еднаквост

 
-„Родовата еднаквост е повеќе од цел сама по себе, тоа е предуслов за намалување на сиромаштијата, промоција на одржлив развој и градење на добро владеење“ кажа поранешниот генералниот секретар на ОН Кофи Анан. И навистина низ неговите зборови најдобро се опишува борбата за родова еднаквост, затоа што тоа не е цел сама по себе, туку е само дел од поширок спектар на добри практики кои мора да бидат исполнети, ако сакаме здраво општество, базирано на еднаквост, почит и просперитет.-порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
 
„Не е доволно само декларативна заложба за родова еднаквост, како што тоа го прави актуелната власт, тоа е потценување на интелигенцијата на жените, потребни се коренити промени, а тие доаѓаат најпрво преку градење на систем на добро владеење кој се темели на закони и правила, а не на криминал и криминални кланови кои го загрозуваат животот на граѓаните.
 
Не е доволно власта да се залага за еднаквост, а жените, исто како и мажите, да тонат во сиромаштија заради тоа што власта е криминална и краде.
 
Потребни се големи чекори напред. Потребна е вистинска заложба и искрени намери, не за политички поени, туку за подобра иднина на нашите деца.
Честит 8 Mарт. Промените ќе дојдат.“-додаде тој.
08.03.2023 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега