Мицкоски: Во овој момент ДУИ е проблемот во државата

Во вечерашното гостување на централниот Дневник на Сител ТВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека во моментов, ДУИ бил проблемот во државата.

„Во овој момент ДУИ е проблемот во државата, бидејќи СДСМ е ќираџија во својата Влада“, изјави Мицкоски.

Покрај ова, во интервјуто, опозицискиот лидер повтори дека на премиерот Димитар Ковачевски му понудил три датуми за избори оваа есен или широка влада, како и заштитен идентитет и брза интеграција во Европската унија.

Му го кажав мојот предлог за избори кои би се случувале оваа есен, како три можни датуми ги предложив 24 септември, први или осми октомври. Да одиме на избори, тој кој што ќе биде поразен да го поддржува победникот во одбрана на националните интереси. Значи да бараме гаранција за многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик од Европскиот совет и преземав обврска преку премиери на земји членки таа точка да ја ставиме на дневен ред. И бидејќи сите велиме никој нема против македонскиот идентитет тогаш нема причина зошто таа точка да не биде на дневен ред и да се добие таков документ со кој што ќе се добие документ со кој што ќе биде потврда на македонскиот идентитет, од страна на највисокото европско тело, а тоа е Европскиот совет, каде што членуваат шефови на влади и држави од земји членки на Европска Унија. А од друга страна ќе ги видиме вистинските намери на нашиот источен сосед, дали е идентитетот проблем или не е, изјави Мицкоски.

 

08.06.2023 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега