Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе земји од светот.
Манифестацијата ќе се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година, со цел младите генерации од дијаспората да ги продлабочат знаењата за македонскиот јазик, културата, историјата и традицијата.
Премиерот преку својот Фејсбук профил ја истакна важноста од чувањето на мајчиниот јазик кај најмладите генерации зад границата.
„Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија“, напиша Мицкоски.


