Мицкоски: Во Гази Баба се реализира тоа што е ветено, градоначалниците од ВМРО-ДПММЕ покажаа разлика, тие работат посветено и чесно

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пред медиумите кажа дека во Гази Баба се реализираат проектите кои претходно биле ветени од градоначалниците.

„Почитувани,

Генерално градоначалникот кажа која е целта на денешната посета и проектите кои што денеска едниот го започнуваат, а  другиот е во тек на реализација.

Исклучително амбициозен план, тоа го зборуваме нон стоп од овде од Гази Баба, проектите мора да се реализираат, тоа што е ветено мора да се испорача порано или подоцна. Не смееме да останеме само на зборови, мора да има и дела, за да граѓаните ја забележат разликата дека не се сите исти и дека едните крадат, а другите градат. И тоа е многу важно, дека овие од СДСМ и ДУИ крадат, а дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат. И тоа е многу важна разлика затоа што не чекаат предвремени парламентарни избори и мораме ние на граѓаните да им кажеме дека најтешкото и најлошото време за Македонија завршува со последниот ден во владата на оваа коалиција, и дека добрите времиња и најдобрите денови допрва доаѓаат.

Имаме исклучително мотивиран и амбициозен тим кој што работи многу посветено, чесно, нормално во согласно со законите и уставот на Македонија што е многу важно, затоа што денеска гледаме дека имаме работа со криминалци во политиката, имаме работа со корумпирани политичари, компромитирани политичари, кои што работат се, само не во интерес на граѓаните, туку на штета на граѓаните и државата.

Имаме исклучителен тим и тим кој што понатаму ќе ги раководи не само општините, туку и институциите во Македонија, со многу реформи и успеси и Македонија да биде навистина еден промотор на реформите и политиките кои што ќе носат просперитет во регионот, а не како што сме сега на дното и да сме први само по една работа, а тоа е според перцепцијата за криминалот и корупцијата во државата.

Така што продолжуваме да работиме и во текот на летото и покрај тоа што надвор е исклучително топло, мотивот е над сето тоа, ќе продолжиме да работиме и да го реализираме она кое што е ветено“, кажа Мицкоски.

30.06.2022 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега