Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во важна политичко-економска посета на Унгарија, каде во центарот на вниманието е тет-а-тет средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На маса ќе бидат ставени клучни регионални и европски прашања, како и унапредувањето на билатералните односи меѓи двете земји.
Оваа посета доаѓа во време кога Македонија и Унгарија ја интензивираат својата соработка на повеќе нивоа, а Мицкоски е придружуван од висок владин тим.
„Тема на разговор ќе бидат актуелните предизвици во регионот, но и конкретната поддршка што Унгарија ја дава за европскиот пат на Македонија. Целта е продлабочување на партнерството кое е од стратешко значење за државата“, велат од владината делегација.

