Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот Пендаровски

Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење, вклучувајќи ги сведочењето на реисот и доделувањето на мандатот на Зоран Заев, без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека на лидерска средба треба да се разговара и за формирање техничка влада и за лошото справување со пандемијата.

„Средба кај претседател кој е без свој став или следи став на еден политичар, не прифаќаме. Барав и барам средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата, на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, бидејќи јавноста и опозицијата не смеат целосно да се исклучени од овој процес“, напиша Мицкоски и преку својата објава побара да се дискутира и за:

Исклучително лошата состојба со корона кризата; потребата за техничка влада по дебаклите на Владата и екстремно лошата економска ситуација.

Понатаму Мицкоски вели дека Заев одбивал лидерски средби, но дека сега го сменил мислењето.

„И напоменувам дека ова не е првпат. Но, неоправдана суета и галопирана неспособност на еден човек не може да држи во заложништво цела држава.

И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега