Close Menu
Press24
    Најново

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55

    Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

    16.03.2026 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство

    Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство

    06.11.2025 во 19:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Средба со јасна европска порака – Владата останува целосно посветена на евроинтеграциите и на спроведувањето на реформите што ќе ја направат државата посилна и поправедна, порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, по примопредавањето на Извештајот за напредокот на земјава.

    „Владата останува 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности. Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде е забележан застој со конкретни мерки и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во рамки на ЕУ,“ изјави премиерот Мицкоски.

    Тој нагласи дека Извештајот на Европската комисија не претставува оценка за една година или една Влада, туку за континуитетот на реформските процеси, институционалната зрелост и одговорот на земјата на европските приоритети.

    „Во Извештајот се нотира дека во некои области постои одреден или ограничен напредок, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан добар напредок. Во делот на слободното движење на капиталот дури и е зголемено нивото на подготовка благодарение на приклучувањето кон СЕПА и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите во делот на економијата, стабилниот банкарски сектор, умерениот раст на БДП и фискалната дисциплина,“ рече премиерот.

    Мицкоски посочи дека позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.

    „Напредок е забележан и во образованието, науката и младинските политики, преку зголеменото учество во програмите Horizon Europe и COST. Во инфраструктурата се истакнати активностите околу Коридорот VIII и новиот Закон за енергија кој отвора пат кон зелена и праведна транзиција. Европската комисија нотира реален напредок и во медиумската регулатива, особено во зајакнувањето на финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,“ додаде премиерот.

    Популарно

    Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ

    16.03.2026 во 12:51

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари

    16.03.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.