Мицкоски: Владата на Заев да не измислува димни завеси, предупредував за поскапувањето на струјата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати критики поради најавеното поскапување на струјата и посочи дека тоа е резултат на недомаќинската политика на СДСМ и Зоран Заев.
„Покачувањето на струјата, оваа Влада не го вети, но го реализираше. Тоа е удар врз стандардот и грабеж на граѓаните. Нема друга држава која сред пандемија покачува електрична енергија. Владата на Заев да на измислува димни завеси. Власта е виновна за вакво покачување. Предупредував пред една година за состојбата со струјата. Со сите овие недомаќински политики, ние плаќаме повисока сметка“, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа