Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (11 септември) ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.
На настанот, кој е закажан за 11:00 часот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде и изјава за медиумите.


