Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 25.11.2025 година (вторник), ќе додели решенија за самовработување.
Настанот ќе се одржи во 11:00 часот во свечената сала на Владата.
Доделувањето на решенијата е дел од мерките предвидени во Оперативниот план за вработување, со цел поттикнување на претприемништвото и отворање нови работни места.

