Мицкоски: Тоа што го ветивме во кампањата, го исполнивме - ДУИ е во опозиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во централниот Дневник на СИТЕЛ ТВ, кажа дека веќе почнале да ги реализираат ветувањата кои ги биле дале како партија во текот на политичката кампања. Меѓу нив, и тоа дека ДУИ ќе биде опозиција.

„Ние ќе се водиме до тоа кое го ветувавме во кампањата веќе две ветувања испорачавме. Првото ветување е дека ќе се случи реорганизација на владиниот кабинет и тоа се случи со мнозинство од 88 пратеника и втората работа е тоа дека ДУИ ќе биде опозиција и тие се во опозиција“, изјави Мицкоски.

18.06.2024 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега