Мицкоски смета дека во ПИОМ ќе има дупка уште шест - седум години
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во ПИОМ ќе има дупка уште шест - седум години, додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд. Сепак, како што оцени денеска, Фондот е стабилен иако трансферите ќе продолжат да се зголемуваат.
Во ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, се уште постојат два става во однос на Вториот пензиски фонд, едниот за негово национализирање, а другиот за негово функционирање како што е сега.
-Дупка во Пензискиот фонд ќе има се додека Вториот пензиски фонд не почне да сервисира дел од пензиите и тоа беше очекувано. И сега почнува да учествува Вториод фонд во исплата на пензиите, но тоа е минимално. За шест до седум години очекувам сето ова да биде нивелирано и поинаку споредено со денес. Фондот е стабилен иако трансферите ќе продолжат да се зголемуваат се додека Вториот пензиски фонд не почне поробусно да учествува во исплатата на пензиите, рече Мицкоски на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.
Тој откри и дека на денешната седница на ЕСС имало предлог да се зголеми ДДВ-то од страна на бизнис заедницата, да не биде 18, туку 19,5 отсто.
- Секакви идеи има, но ние треба да ги ставиме аргументите на маса, да направиме анализа и да видиме што добиваме, а што губиме, па потоа да носиме одлуки. Во партијата има различни мислења за Вториот пензиски столб. Едниот став е да се примени концептот како во Естонија, Полска, Унгарија - национализирање, а вторито е да си продолжиме вака. Но, во овој момент не носиме одлуки зашто цениме дека ќе има дупка и таа ќе постои во наредните 6 - 7 години се додека не почнр поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски столб, објасни Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа