Мицкоски: Следува сериозна катарза и кадровски освежувања во сите структури

Партискиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е практично документ кој што ги уредува внатрешните односи на партијата, а се рефлектира од програмските одредби. Инаку, искуствата од нашите сестрински партии практично заедно со спецификите кои што се карактеризираат со нашата партија за нашето општество се вградени во овој нов статут. Според оценката на многумина претставува најдемократски партиски статут во нашата држава, во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во централниот дневник на ТВ Сител.

Мицкоски истакна дека носењето на нов статут на партијата го поздравила и сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Европската Народна партија што за него претставува посебна гордост, додавајќи дека овој пример треба да го следат и останатите политички партии во Македонија, односно како што рече тој со демократизација одвнатре може да биде подобар.

Овозможува сериозно би рекол да можат партиските структури да дојдат до израз, имаме ново формирани тела како што е Унијата на ветераните кое што е старо – ново формирано тело, потоа тука е патриотскиот институт, судот на честа, имаме сериозно ограничување на бројот на мандати на партиски функционери, ограничување во дуплирање на позициите на државни и партиски, понатаму непосреден избор на претседатели на општински комитети, кандидати за градоначалници, советнички листи итн.

Јас сум горд што и нашата сестринска партија Европската народна партија го поздрави, направивме едно капитално дело. Дело кое што мислам дека треба да го следат и останатите политички партии во Македонија, бидејќи само на тој начин демократизирајќи се одвнатре може да бидете подобри.

Мицкоски најави сериозна катарза и кадровско освежување во сите структури во партијата до крајот на септември почетокот на октомври месец.

Инаку тој статут практично претставува и најава за онаа внатрешна катарза која што следи, деновиве ќе биде објавен оглас за нов претседател на Унијата на млади сили, членови на претседателството на Унијата на ветерани и ја користам оваа прилика да ги повика сите оние кои што се заинтересирани членови на ВМРО-ДПМНЕ да се пријават на тој конкурс. Понатаму ќе следат промени во другите структури, во Извршниот комитет, останатите унии, избор на нови претседатели, на патриотскиот институт, на советот на честа на партијата, форумот на интелектуалци, нови претседатели во општинските комитети. Така да претстои една сериозна катарза таму некаде  до средина или би рекол до крајот на септември почетокот на октомври месец, објасни Мицкоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега