Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одлучи почетокот на Новата 2026 година да го дочека под отворено небо, во срцето на главниот град, опкружен со граѓаните.

Неколку минути по полноќ, тој на својот фејсбук-профил сподели фотографии од атмосферата на плоштадот „Македонија“, каде што беше во придружба на својата сопруга Рози и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, напиша премиерот во својата објава.

Exit mobile version