Мицкоски се сретна со Гир: „Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија“

 

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, г-дин. Дејвид Гир.

На средбата се злобрувало збор за ЕУ интеграциите на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги нагласич ставовите кои ги има партијата, а тие се достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација.

„Мицкоски во текот на средбата укажа дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите актуелни во Македонија.

Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо“, се вели во соопштението на опозициската партија.

 

28.07.2022 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега