Мицкоски се премисли: Не сака преговори за Законот за заразни болести- бара специјална комисија избрана од Собранието
Христијан Мицкоски се премисли – не сака преговори за Законот за заразни болести. Но ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се формира специјална комисија за справување со Ковид 19 која што ќе ја избира Собранието. Ова е одлуката на синоќешниот состанок на ИК на партијата, пренесува „тв 24“
Комисијата според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да содржи 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот на Центарот за Управување со кризи, а останатите членови да бидат инфектолози, епидемиолози, имунолози и интернисти.
Договор за преговори имало и со министерот за здравство Венко Филипче, откако имало и првична средба меѓу него и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски, а стратегијата била договорена и со лидерот на Мицкоски.
Според партиски извори на синоќешниот ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по жестока дебата решиле дека не треба да преговарат, затоа што, како што велат, во законот освен што Владата си дава поголеми надлежности со одредбата, мерките да важат само со владина одлука, нема конкретни мерки.
Според партиски извори, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласаат законот, но се очекува да направат кворум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа