Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на состојбата во опозицијата. Мицкоски укажа дека во СДСМ се истите луѓе кои беа поразени на последните избори, кои загубија дебело поради криминал и тендери и националните предавства.

„Сега тие се нудат на политичката сцена, но и тие знаат дека вака нереформирани и целосно безидејни немаат никакви шанси. Затоа што СДСМ е непроменет, и поради тоа што одлуките во таа партија не се носат во седиштето во Скопје, туку на друго место. И најлошото е што Филипче навистина не се ни труди да покаже дека не е слуга на неговиот гуру, Таквата понизност придонесува некогаш големата партија да се сведе на филијала на бизнис-интересите на неколку фамилии. Тоа го гледа обичниот народ, но го гледаат и членовите на СДСМ. Затоа оваа партија сега е под сопствениот биолошки лимит околу 120 – 130 илјади гласови, а забрзано од нејзините структури си заминуваат членови и ги враќаат членските книшки“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни поради кои причини СДСМ е во таква состојба.

„Тоа е поради три едноставни причини. Во СДСМ нема иднина – целосната безидејност се шири како зараза. Тоа е прва причина. Втората причина е што СДСМ нема компромис кој не го направи на штета на државните интереси. Последното кое го даваат е еден документ кои тие го нарекуваат резолуција или „црвени линии“. Третата причина е што партијата е затворена за нови луѓе, а пашалакот на бизнис-кланови внатре ја претвора во фирма во стечај, а не во партија жедна да направи добро за Македонија. Значи: безидејност, предавства и приватизирана партија се трите причини поради кои народот не гледа никаква алтернатива во оваа партија“, заклучи Мицкоски.

Leave A Reply

Exit mobile version