Мицкоски: СДС-ДУИ ги опструираат општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ
Добар ден и од мене, за мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска на покана на градоначалникот, на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Новаци поканет да бидам дел пред се од оној голем народен собир кој што секоја година традиционално се случува овде на овој ден по повод големиот христијански православен празник, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Истовремено посетата ќе ја искористиме да посетиме дел од проектите кои што градоначалникот со поддршка од дел од советниците нормално и администрацијата се трудат да реализираат во услови кога имаме исклучително големи предизвици насекаде во општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Зошто велам предизвици? Затоа што владата на СДСМ-ДУИ или ДУИ-СДСМ, оние општини каде што граѓаните во 2021 година гласаа за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гледаат на било каков начин да ги опструираат, да ги попречат во работата, не инвестираат во тие општини, мислат дека така ги казнуваат нормално граѓаните зошто тие гласале за градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силен план, јасен план како Македонија да ја вратиме повторно на победничките патеки и како општините да ги развиеме со еден исклучок, а тоа е дека ќе инвестираме во сите општини без разлика дали е градоначалник од редот на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или некој друг независен градоначалник, бидејќи должност на владата е да инвестира насекаде, на целата територија, а не само онаму каде што таа мисли дека треба, а најчесто мисли во оние општини малку, за волја на вистината каде што имаме локална самоуправа која што сеуште има градоначалник од редовите на владеачките партии, истакна Мицкоски.
Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднашка да го честитам овој голем христијански празник на сите православни верници да им посакам здравје пред се, многу среќа и она кое што е најважно да се почитуваме меѓу себе. Истото ова го посакувам и на сите граѓани во Република Македонија, а на градоначалникот, на советот, на администрацијата во Новаци да им посакам уште многу проекти кои што во периодот кој што следи ќе ги реализираат за доброто на граѓаните во општина Новаци, додаде Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа