Мицкоски: Сакаме да влеземе во ЕУ како горди Македонци, кои говорат на македонски јазик
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде изјава пред почетокот на протестот против францускиот предлог.
Мицкоски кажа дека сака да влеземе во Европската унија како горди Македонци.
„Сакаме да влеземе во ЕУ како горди Македонци, горди на нашите претци и нивната жртва за оваа независна држава, која го говори преубавиот македонски јазик. Ние го дадовме нашиот предлог и тоа е став на партијата. Можете да преговарате како што тоа го прави оваа Влада и да нè однесете во амбис и да немате втора опција додека паѓате. Наместо да се консултираат со нас, тие водеа егзибистички преговори. Со умен и рационален пристап може сè да се смени“, кажа Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа