Мицкоски: Разорачан сум од новата структура на СДСМ - овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција
Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од изборот на новото раководство на опозициската СДСМ по вчерашниот конгрес на Централниот одбор на партијата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека СДСМ добила раководство како што заслужува.
-Членовите на Конгресот си избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат, нели. Ние не можеме да кажеме какво раководство треба да има СДСМ. Тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат и тоа е што е, рече Мицкоски.
Не очекува конструктивност од новиот тим на Венко Филипче.
-Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разорачан, зашто ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и имаат додадена вредност на политичката сцена кај нас. И дека ќе продолжат со оние конструкции, измислици, ниски страсти, навреди дневни, политички… и тоа е што е. Е сега, многу скоро од денеска ќе има тест за новото раководство на СДСМ. Тоа се локалните избори, рече Мицкоски, додавајќи дека на тие избори ќе видиме дали СДСМ ќе понуди нешто ново или не.
Желбата на Мицкоски е новото раководство на опозициската партија да биде конструктивен партнер на политичкита сцена.
-За жал, можам да кажам дека не сум импресиониран од кадровската понуда. Но тоа е одлука на членовите на Конгресот на СДСМ, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа