Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утрово присуствуваше на централната божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Премиерот, заедно со бројни верници, го одбележа најрадосниот христијански празник, упатувајќи пораки за спокој и семејна среќа.

„На православните христијани им го честитам Христовото раѓање, а на сите граѓани им посакувам, пред сè, здравје, среќа и мир во домот“, истакна премиерот Мицкоски во својата празнична порака.

Exit mobile version