Мицкоски: Потребен е полициски час, само здрави луѓе може да ја кренат економијата

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека е за воведување полициски час како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Денеска политиките на владата нѐ доведоа до бездна, или втора бездна. АКо воведеме полициски час тоа ќе се одрази негативно врз економијата, доколку нема полициски час, тогаш единственото нешто што ни останува е голем број на граѓани да ги загубат своите животи. Ако мене ме прашате – само здрави луѓе може да ја покренат економијата, рече Мицкоски, додавајќи дека потребно е да се спасат што е можно повеќе животи.

Опозицискиот лидер посочи дека се воведуваат парадаксални мерки, од една страна се воведува кризна состојба, а од друга страна се организираат предвремени локални избори во две општини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа