Мицкоски: Под итно да се ослободат од работа хронично болни во јавниот и приватниот сектор, и сите на возраст над 60 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ги повика премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче да донесат одлука за хронично болните и лицата со над 60 години да бидат ослободени од работа поради опасноста од коронавирусот.

„Црн ден за Македонија. 24 починати од #COVID само за еден ден.

Министре Филипче, ова не е само бројка. Ова се човечки судбини, загубени вредни луѓе, семејни трагедии.

Ве повикувам заедно со Заев веднаш да донесете одлука за ослободување од работа на сите хронично болни во јавниот и приватниот сектор, како и на сите на возраст над 60 години како најризична група. Државата мора да собере сила да го издржи тој товар, бидејќи човечкиот живот нема цена. 

Да не губиме повеќе време, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што е можно повеќе животи. 

Затоа што секој живот е важен“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега