Мицкоски: По 11.000 денари за вработените во администрацијата пред почетокот на зимата

Вработените во јавната администрација ќе добијат по 11.000 денари на своите сметки пред почетокот на оваа зима, рече Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи дека со ребалансот на буџетот се обезбедни средствата за К-15.
Лидерот на СДСМ во друштво на 40тина професори и наставници дава изјава за повисоки плати а заборавиле во буџетот да предвидат 1 милијарда денари за К15 за наставниците и за вработените повеќе од 83.000 во администрацијата која им следи со закон. Па моравме во ребалансот и таа милијарда да ја обезбедиме и ќе биде исплатена, крајот на ноември, почетокот на декември за да може што повеќе луѓе да го добијат. Не е многу, можеби треба повеќе, но тие 11.000 денари им следуваат и ќе ги добијат - рече Мицкоски.

 

03.09.2024 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега