Мицкоски: Петков да им дозволи на ОМО ,,Илинден – Пирин” да се регистрираат како политичка партија - тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет
- Добро би било еве оваа влада ,,проевропска и прогресивна” влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на Европскиот суд за човекови права и да им дозволи на луѓето од ОМО ,,Илинден – Пирин” барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн. – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ова е позната реторика и ги охрабри новинарите утре да му постават неколку прашања на Петков, меѓу кои и дали Гоце Делчев бил Македонец и дел од македонскиот народ кој е различен од бугарскиот, кој бил тој што го предводел Илинденското востание и зошто мора секогаш да се инсистира кога станува збор на македонскиот јазик, да стои со фуснота согласно Уставот, односно индиректно се имплицира дека тој постои практично со постоењето на Уставот на Македонија, од 1991 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа