Мицкоски: Пет години Маврово-Ростуше се раскрчмува за приватни бизнис интереси, промените доаѓаат со локалните избори

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево во рамки на кампањата за изборите за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше заедно со партискиот кандидат за оваа функција Мевмет Џафери, беше во посета на реканските села Требиште и Жировница.

– Овие населени места се преполни уште некој ден, по што луѓето кои работат по белиот свет ќе мора да ги напуштат родните огништа. Ќе останат малкумина жители со огромните проблеми како недостиг на работа, потреба за пристојна живеачка, подобри услови за живот и перспективи за младите. Цели пет години општината Маврово-Ростуше се раскрчмува согласно приватните и бизнис интереси на власта, без суштински инвестиции и без визија за иднина, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Промените по овие локални избори, вели, ќе дојдат и во Жировница и во Требиште.

– Да изградиме општина која ќе обезбедува иднина и сигурност за народот, да обезбедиме просперитет и пристојни услови за живот. Д-р Мевмет тоа го може и верувам дека промените ќе се заокружат, наведе Мицкоски во објавата.

01.08.2022 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега