ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерски места со реконструкцијата на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното гостување на Телма телевизија истакна дека ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади со владината реконструкција одат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Имињата на новите министри во овие две министерства се очекува да бидат официјално потврдени вечерва по седницата на Извршниот комитет на владејачката партија.

Министерствата за култура, политички систем и правда одат кај коалициониот партнер ВРЕДИ.

ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и дополнител заменик министер за кои ќе се дискутира од септември.

Мицкоски истакна дека позицијата заменик претседател на Владата за добро владеење нема да постои како ресор, туку ќе биде директно под ингеренции на претседателот на Владата.

Премиерот посочи и дека во коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наскоро дел ќе стане и Турската демократска партија, која во моментов е дел од коалицијата на ДУИ. Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ТДП се уште траат.

Exit mobile version