Мицкоски: Оставка треба да си даде цела влада, а Рашковски треба да биде во затвор
Оставка треба да си поднесе целата влада, а не само Рашковски. Тој треба онаму каде што одамна требаше да биде - возатвор, рече денеска лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со оставката на Драги Рашковски.
„Срамота е ова што се случува. Оставката е прв морален чин иако требаше да се случи од порано, но ова треба да продолжи во континуитет и со владата. Како негов колега можам да кажам дека се срамам што мои колеги од Универзитетот иако сме на различни факултети“, рече Мицкоски.
14.04.2021 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа