Close Menu
    Најново

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31

    Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

    30.12.2025 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации

    Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации

    28.10.2025 во 11:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од Скопје денес испраќаме порака дека одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации. Енергетиката е срцето на економијата. И ако тоа срце чука рамномерно, целиот систем живее. Да го оддржиме тој ритам е нашата заедничка одговорност, но и нашата најголема можност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од отворањето на 14. Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, што се одржува во Скопје.

    Секоја инвестиција во чиста енергија, според претседателот на македонската Влада, е инвестиција во живот, здравје, стабилност и напредок. 

    -Секоја нова технологија што ја воведуваме, секој киловат што го произведуваме без загадување, тој чекор кон економија што ќе ја напои во иднината. Нашата цел не е само да ги исполнуваме меѓународните цели. Нашата цел е да ја создадеме економијата на иднината: интелигентна, дигитална, зелена и отпорна, рече Мицкоски.

    Тој изрази задоволство, што токму Скопје е домаќин на  14. меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, собир кои ги обединува најголемите умови, визионери и практичари од над 70 земји.

    – Ова е момент на гордост, но и момент на одговорност. Горд сум што Македонија денес е центар на светската дебата за иднината на енергијата. И уште погорд што, светот погледнува кон нас не како кон мала земја, туку како кон сериозен партнер, кој активно ја обликува агендата за одржлив развој. Фактот што денес овде во Скопје се води оваа глобална дискусија, покажува дека регионалната енергетска иднина може и треба да се гради токму тука, во нашата земја, истакна Мицкоски. 

    Ова, нагласи, е нашата прилика да покажеме дека земја со мала површина може да има големо влијание кога има јасна визија, решителност и лидерство. 

    Премиерот подвлече дека енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија. 

    – Енергетската транзиција изгледаше недостижна, скапа, бавна. Но, ние ја правиме возможна. Секој соларен панел, секоја ветерница, секоја нова електрана што работи на чиста енергија, тоа е дел од нашата современа борба за независност, рече Мицкоски. 

    Забележа дека светот се менува со забрзано темпо и она што порано значело сигурен снабдувач, денес значи флексибилен систем, отпорен пазар и чисти извори на енергија.

    – Енергетската стабилност не е веќе само економско, туку и безбедносно прашање. Глобалните турболенции не потсетуваат дека енергетската независност е услов за економска слобода. А без слобода нема развој, нема стабилност, нема ниту достоинство, додаде премиерот.

    Влада, нагласи, стои цврсто зад реформите што ги спроведува Министерството за енергетика и ја гради врската помеѓу политиката и визијата. 

    – Нашата визија е јасна, да ја подготвиме за иднината државата, за климатските предизвици, за технолошките промени и за глобалните ризици. Да создадеме регионален пример на стабилна, чиста и независна енергетска економија. Знаеме дека тоа бара време, ресурси и упорност. Но, уште повеќе бара вера во сопствените сили, подвлече Мицкоски. 

    Транзицијата, според него, не е само технолошка, таа е ментална, вредносна и цивилизациска. 

    Премиерот се наврати на чекорите што Владата ги направи во инвестицирање во обновливи извори на енергија. 

    -Воспоставивме јасни регулаторни рамки. Изградивме енергетски интерконектори со соседните земји. Започнавме програми за енергетска ефикасност во јавниот и приватниот сектор. Се постројуваат соларни и ветерни паркови кои пред само една деценија беа визија на хартија. Сега тие се реалност, дел од мрежата што ја храни иднината. Паралелно, инвестираме во човечки капитал, затоа што знаеме дека енергијата не доаѓа само од природата, туку и луѓето кои ја создаваат, иновираат и сонуваат, посочи Мицкоски.

    Енергијата, подвлече, може да се мери во џули, мегаватчасови или барели, нагласувајќи ја човечката енергија.

    – Енергијата на визијата, трудот и посветеност. Токму таа енергија ја чувствувам денес овде во оваа сала. Тоа е енергијата што ја движи Македонија, народ кој не се плаши од промени, туку ги прегрнува како предизвик и како можност. Како што рече Винстон Черчил, „Не дозволувај кризните времиња да поминат без да го искористиш за создавање нешто ново”. И ние така постапуваме. Глобалните кризи не ги доживуваме како пречки, туку како поттик за нови решенија, рече Мицкоски.

    Пред присутните порача дека одиме натаму со визија, знаење и партнерски. 

    – Затоа дозволете оваа конференција да не заврши со зборови, туку со дејства. Да ја претвориме енергијата на оваа сала во конкретни чекори. Чекори на инвестиции, во заеднички проекти, во мрежа на доверба и резултати. Верувам дека она што започнува денес во Скопје ќе биде искрата што ќе ја зајакне соработката меѓу земјите и ќе не однесе кон почиста, посилна и поправедна енергетска иднина, подвлече Мицкоски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.